Контролна вежба по информатика ОСНОВИ НА ИНФОРМАТИКАТА1

15 | Total Attempts: 2126

SettingsSettingsSettings
Please wait...
Create your own Quiz
Контролна вежба по информатика  ОСНОВИ НА ИНФОРМАТИКАТА1 - Quiz

Контролна вежба по информатика - тема ОСНОВИ НА ИНФОРМАТИКАТА1 Наставници: Татјана, Маја, Марина


Questions and Answers
  • 1. 
    Информатика е наука:
    • A. 

      за автоматска обработка на податоци и информации.

    • B. 

      која обработката на податоци ја врши со помош на компјутер.

    • C. 

      која го проучува прибирањето, чувањето и обработката на податоци и информации.

    • D. 

      се од горе наведеното.

  • 2. 
    Кој од следните искази НЕ Е точен:
    • A. 

      Од информацијата дознаваме нешто ново.

    • B. 

      Податокот е знак, број, збор, слика и слично.

    • C. 

      Значењето на поимите информација и податок е исто.

    • D. 

      Податоците сами за себе немаат одредено значење за човекот.

  • 3. 
     Што од наведеното претставува податок?
    • A. 

      Денес температурата е 15 степени целзиусови.

    • B. 

      10.06.2012

    • C. 

      Лина е одлична ученичка.

    • D. 

      Маја Николова замина на летување.

  • 4. 
    Компјутерот е автоматски уред бидејќи:
    • A. 

      е направен од електронски делови.

    • B. 

      податоците кои ги обработува ги претвара во бинарни броеви.

    • C. 

      ги обработува податоците според упатства запишани во програма.

    • D. 

      сите потребни обработки ги извршува самостојно според упатствата во програмата .

  • 5. 
    Првиот електронски компјутер се викал:
    • A. 

      PC

    • B. 

      Apple I

    • C. 

      Apple II

    • D. 

      ENIAC

  • 6. 
    Првиот персонален компјутер бил изграден од:
    • A. 

      чипови

    • B. 

      транзистори

    • C. 

      интегрални кола

    • D. 

      електронски лампи

  • 7. 
    Подреди ги откритијата во електрониката според годината на нивно појавување, почнувајќи од оној кој се појавил последен.
    • A. 

      чип, интегрално коло, транзистор, електронски лампи

    • B. 

      транзистор, чип, електронски лампи, интегрално коло

    • C. 

      интегрално коло, електронски лампи, чип, транзистор

    • D. 

      електронски лампи, транзистор, интегрално коло, чип

  • 8. 
     Персоналните компјутери се:
    • A. 

      супер компјутери

    • B. 

      големи компјутери

    • C. 

      микро компјутери

    • D. 

      ништо од наведеното

  • 9. 
     Што од доле наведеното претставува етичко однесување?
    • A. 

      Користење компјутерски вируси

    • B. 

      Користење туѓи предмети и лични податоци без дозвола

    • C. 

      Почитување на право на приватност и право на сопственост.

    • D. 

      Испраќање материјали со вулгарни и навредливи содржини преку интернет

  • 10. 
    Со која од следните постапки се почитуваат основните етички принципи при користење на компјутерот:
    • A. 

      пиратерија

    • B. 

      користење на слободен софтвер

    • C. 

      откривање на туѓи компјутерски шифри

    • D. 

      намерно испраќање вируси преку електронска пошта

  • 11. 
    Билјана Стојановска -- информација
    • A. 

      True

    • B. 

      False

  • 12. 
    Натрпреварот во фудбал меѓу нашето училиште и ОУ Кочо Рацин ќе започне во 13 часот. - информација
    • A. 

      True

    • B. 

      False

  • 13. 
    6-2 одделение  - информација
    • A. 

      True

    • B. 

      False

  • 14. 
    Обележи ги само оние елементи кои се однесуваат на компјутерите од II-та генерација
    • A. 

      Електронски ламби

    • B. 

      Транзистори

    • C. 

      Дупчени картички

    • D. 

      Магнетни дискови

    • E. 

      Магнетни ленти

  • 15. 
    1. Како се викаат луѓето кои влегуваат во туѓи компјутерски системи и ја нарушуваат нивната безбедност?
    • A. 

      хакери

    • B. 

      сервисери

    • C. 

      програмери

    • D. 

      компјутерџии

Back to Top Back to top