ПРАШАЊА ЗА ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ - ПРОГРАМИРАЊЕ IV година

148 | Total Attempts: 94

SettingsSettingsSettings
Please wait...
    -  IV

Ова се сите прашања за екстерно тестирање од предметот „Програмирање". За оние прашања за кои треба да го внесете одговорот користете македонска поддршка и мали букви. Имињата на компонентите и другите резревирани зборови пишувајте ги на латиница.


Questions and Answers
  • 1. 
    Способноста на оперативниот систем Windows да извршува паралелно повеќе програми се нарекува: 
  • 2. 
    Програмскиот код придружен на објектот кој одредува како тој ќе ги обработува информациите и како ќе реагира на настаните се нарекува
  • 3. 
    Кои се трите основни принципи на објектно-ориентираното програмирање?
    • A. 

      енкапсулација и полиморфизам

    • B. 

      енкапсулација, наследување и полиморфизам

    • C. 

      енкапсулација, наследување, полиморфизам и функционалност

    • D. 

      функционалност, полиморфизам и објективност

  • 4. 
    Колку дијалог прозорци се појавуваат ако сакаме да го зачуваме проектот одбирајќи ја опцијата File / Save Project As од главното мени на Delphi?
    • A. 

      1

    • B. 

      2

    • C. 

      3

    • D. 

      4

  • 5. 
    Даден е програмски сегмент, како што е прикажано на сликата. На кој настан и на која компонента ќе биде извршен прикажаниот код?
    • A. 

      Компонента: Edit , Event: OnChange

    • B. 

      Компонента: Label, Event: OnEnter

    • C. 

      Компонента: Edit , Event: OnEnter

    • D. 

      Компонента: Button, Event: OnChange

  • 6. 
    Кој од следните примери е правилно напишан коментар?
    • A. 

      --komentar или /*komentar*/

    • B. 

      {komentar} или (*komentar*)

    • C. 

      {komentar} или /*komentar*/

    • D. 

      //komentar или /*komentar*/

  • 7. 
    Функцијата FloatToStr врши конверзија
    • A. 

      Oд низа знаци (string) во цел број

    • B. 

      Oд низа знаци (string) во реален број

    • C. 

      Oд реални броеви во цели броеви

    • D. 

      Oд реални броеви во низа знаци (string)

  • 8. 
    RadioButton компонентата служи за
    • A. 

      избор на една од неколку можни опции

    • B. 

      повторување со броење на циклусите

    • C. 

      поставување на својства на компонентите

    • D. 

      повторување со проверка на одреден услов

  • 9. 
    На сликата е даден дел од формата:   Одредете го бројот и видот на компоненти поставени на неа
    • A. 

      3 RadioGroup и 1 RadioButton

    • B. 

      3 RadioGroup и 3 RadioButton

    • C. 

      1 RadioGroup и 3 RadioButton

    • D. 

      1 RadioButton и 1 RadioGroup

  • 10. 
    При покренување на програмата Delphi ја прикажува грешката прикажана на сликата. Која од наведените е една од можните причини за предизвиканата грешка?
    • A. 

      Не постои компонента Label со Name:=Label1

    • B. 

      Не може да се постави својството Font на Label компонентата

    • C. 

      Fsbold не е валиден фонт во DELPHI

    • D. 

      Ниту едно од наведеното

  • 11. 
    Прозорецот на Object Inspector – от има две јазичиња. Едното од нив е јазичето Properties, a другото е јазичето
  • 12. 
    Ако прозорецот го разгледуваме како еден објект, тогаш клик на прозорецот претставува негов
  • 13. 
    Програмирањето чии основни поими се: компоненти, објекти, методи и настани, се нарекува
  • 14. 
    Ако компјутерскиот систем го разгледуваме како еден објект, тогаш типот на неговиот процесор, големината на хард дискот, неговата графичка картичка итн., претставуваат негови
    • A. 

      функции

    • B. 

      методи

    • C. 

      својства

    • D. 

      објекти

  • 15. 
    Објектите имаат својство на криење на информациите. Тоа значи дека мора да знаат како да комуницираат помеѓу себе преку свои дефинирани интерфејси, но не е дозволено (ако нема потреба) да знаат како другите објекти ги имплементираат своите детали (Пр. Ние можеме да ја возиме колата и при тоа нема потреба да знаеме како работи моторот, преносниот систем, како работат кочниците. За нас е само важно да знаеме да ја употребуваме педалата за гас, кочницата, квачилото, воланот итн.). Ваквиот принцип на набљудување на односите помеѓу објектите се нарекува
    • A. 

      енкапсулација

    • B. 

      полиморфизам

    • C. 

      наследување

    • D. 

      функционалност

  • 16. 
    На сликата е прикажан
    • A. 

      Образец - форма

    • B. 

      Object Inspector

    • C. 

      Листа со менија

    • D. 

      Standard страницата од Палетата со компоненти

  • 17. 
    Прозорецот на образецот или формата е
    • A. 

      основна компонента во Delphi апликацијата и служи за дизајнирање на апликации каде што се сместуваат компонентите

    • B. 

      форма која служи за избор на компонентите

    • C. 

      мени за избор на повеќе наредби

    • D. 

      прозорец за пишување на програмскиот код

  • 18. 
    Опцијата Save Project As од File менито
    • A. 

      служи за затварање на проектот

    • B. 

      служи за креирање на проектот

    • C. 

      служи за отварање на проектот

    • D. 

      служи за зачувување на проектот

  • 19. 
    Која од понудените опции од View менито треба да ја избереме за ги прикажеме формите од кои е составен проектот?
    • A. 

      Units

    • B. 

      Forms

    • C. 

      Toolbars

    • D. 

      Object Inspector

  • 20. 
    Ако се избере компонентата како што е прикажано на сликата (компонентата што е заокружена со црвен круг), на формата ќе биде поставена компонентата
  • 21. 
    Главно мени на формата се поставува со компонентата
  • 22. 
    Кој прозорец е прикажан на сликата?
    • A. 

      Прозорец на програмскиот код

    • B. 

      Образец формата

    • C. 

      Палетата со компоненти

    • D. 

      Object Inspector

  • 23. 
     Еден од принципите на објектно-ориентираното програмирање кој  возможува еден објект да може да се опише врз основа на друг објект се нарекува
    • A. 

      полиморфизам

    • B. 

      енкапсулација

    • C. 

      наследување

    • D. 

      обкетивност

  • 24. 
     Како се нарекува прозорецот во кој се нагодуваат својствата и настаните на компонентите?
  • 25. 
    Ако сакаме да започнеме извршување на програмата од почеток, откако сме ја пронашле грешката или некоја од променливите добила несакана вредност, која опција од Run менито треба да ја користиме?
    • A. 

      Re-Run

    • B. 

      Run

    • C. 

      Program Pause

    • D. 

      Program Reset

Back to Top Back to top