ТЕСТ ПО ПРАВО И ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ

20 | Total Attempts: 62

SettingsSettingsSettings
Please wait...

Внимателно читајте ги прашањата и понудените опции.
Среќно!


Questions and Answers
  • 1. 
    Организираната заедница на луѓе чија суштина ја сочинуваат општествените односи помеѓу луѓето од најразличен карактер: економски, културни и слично се нарекува:
    • A. 

      општествен однос

    • B. 

      општество

    • C. 

      држава

    • D. 

      обичајна заедница

  • 2. 
    Селектирајте го точното тврдење со кое се искажува разликата помеѓу општествените односи и општествените норми 
    • A. 

      Општествените правила се правила за однесување на луѓето во општеството (пишани и непишани правила), а општествените односи се односите што ги воспоставуваат лицата помеѓу себе во општеството

    • B. 

      Општествените правила се пишани правила, а општествените односи се правни односи

    • C. 

      Општествените правила се сите обичајни правила без правните правила, а општествените односи се оние односи што ги остваруваат луѓето во општеството

  • 3. 
    Кои се точните карактеристики на обичајот?
    • A. 

      пишано правило, стихијно создадено, општествено правило

    • B. 

      спонтаност/стихијност, повеќекратно повторување, општа свест за задолжителност, санкција

    • C. 

      непишано правило, лесно се менува

    • D. 

      непишано правило, внатрешен суд за доброто и злото

  • 4. 
    Која е разликата помеѓу поимите: право и правна норма?
    • A. 

      Правото е збирн на правни правила донесени од државата, а правната норма е пишано правило за поведение донесено од државата

    • B. 

      Право и правна норма се исти поими - синоними

    • C. 

      Правната норма е уставот, а правото се сите закони

    • D. 

      Правото се општествените правила, а правната норма е непишано правило

  • 5. 
    Организираниот ред на општествени односи регулирани со правни норми - со позитивното правото во државата се нарекува
    • A. 

      правен поредок

    • B. 

      општествен поредок

    • C. 

      природен поредок

    • D. 

      неустевен поредок

  • 6. 
    Напишете една овластувачка правна норма, а истата да е поединечна!
  • 7. 
    Елементи на правната норма се?
    • A. 

      хипотеза и санкција

    • B. 

      хипотеза, диспозиција и санкција

    • C. 

      санкција и диспозиција

    • D. 

      поединечни и правни норми

  • 8. 
    Која правна норма е забранувачка и алтернативна?
    • A. 

      Се забранува уништување, кршење, пустошење или каков било друг тип на оштетување на урбаната опрема во паркот

    • B. 

      Забрането пушење.

    • C. 

      Се забранува излегување на улица од 21 ч

    • D. 

      Секој има право на глас.

  • 9. 
    Што се правни акти?
  • 10. 
    Наброј ги општите правни акти? ( треба само три поими)
  • 11. 
    Секој устав е составен од 9 глави?
    • A. 

      Точно

    • B. 

      Неточно

  • 12. 
    Што се латентни закони?
  • 13. 
    Со што го прогласува претседателот законот? (пишете го само името на актот) Дали тој акт е општ или поединечен? (пишете еден збор) Каде се објавува законот? (пишете само еден збор)  
  • 14. 
    Овој правен акт се носи на владина седница. Може да биде за извршување на законот, а може во вонредна и воена состојба да има сила на закон, а да не се вика закон? За кој подзаконски правен акт станува збор?
    • A. 

      Упатство

    • B. 

      Указ како поединечен акт

    • C. 

      Правилник

    • D. 

      Уредба

  • 15. 
    Правни акти што ги носат поединците, приватните лица се? (наброј минимум 2) Дали тие акти можат да бидат општи акти со правна сила и општо важење за сите? (да/не)
  • 16. 
    ПРОЧИТАЈ ВИМАТЕЛНО! ПА ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊАТА! 1. Членот 1 има два става? (да/не) 2. Колку става има членот 2? (бројка само пишете -член тој) 3. Кој од членовите има точки/алинеи? (бројка само пишете-член тој) 4. Каков правен акт е овој на сликата? (општ или поединечен)? 5. Како се вика овој правен акт? (само еден збор)  
Back to Top Back to top